Амал Клуни со софистициран изглед пленеше на доделувањето на „The Prince's Trust Awards“ во Лондон.
На свеченоста, 44-годишната адвокатка се појави во елегантен цветен фустан кој одлично ѝ прилегаше на витката фигура. Во својот стајлинг, таа додаде бели салонки и чантичка.
Сопругата на Џорџ Клуни беше придружувана од мајка си, Барија Аламудин.














