Амал Клуни доби признание на манифестацијата „DVF Awards“, организирана од страна на дизајнерката Дајен фон Фирстенберг.
45-годишната адвокатка ја прими наградата DVF Leadership Award за нејзината работа со лица на кои им биле прекршени човековите права.
На настанот, кој се одржа во рамките на 80-тото издание на Филмскиот фестивал во Венеција, Амал пристигна за рака со сопругот Џорџ Клуни.

За оваа пригода, таа избра нежен романтичен фустан во светло розова нијанса, додека холивудскиот шармер носеше класично црно одело.















