Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Алек и Хиларија Болдвин со видео со шесте деца го открија полот на нероденото бебенце

Алек и Хиларија Болдвин со видео со шесте деца го открија полот на нероденото бебенце

Алек и Хиларија Болдвин ќе добијат уште една ќеркичка.

Славниот пар откри дека очекува девојче во слатко видео снимено со останатите шест деца.

Болдвин

Во него, 64-годишниот актер и 38-годишната јога инструкторка заедно со децата му даваат совети за животот на нероденото бебенце.

„Отсекогаш ми беше забавно и значајно откривањето на полот на моите деца, но како што растам и учам, овојпат сакам тоа да го направам поинаку. Што ќе го направи нашето бебе грижлива и комплетна личност. Што е важно? Што ќе направи да се чувствува видено, слободно и гордо? Можеби ништо што ние можеме да дефинираме. Ние можеме само да ја водиме, да го охрабриме нејзиниот дух, да слушаме, да споделуваме наши искуства и да учиме со неа додека го набљудуваме нејзиното патување. Можеме да обезбедиме колку што можеме подобар живот, но остатокот зависи од нашето бебе, да го открие сопственото, уникатното јас“ – напиша Хиларија во описот.

Хиларија и Алек се родители на 8-годишната Кармен, 6-годишниот Рафаел, 5-годишниот Леонардо, 3-годишниот Ромео, и едногодишните Едуардо и Марија Луција. Алек е татко и на 26-годишната Ирланд, која ја има од бракот со Ким Бесинџер.

Болдвин Болдвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.