Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Алек Болдвин доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

Алек Болдвин доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

Алек Болдвин вчера ја доби 2433-тата ѕвезда на познатата холивудска Патека на славните.

52-годишниот актер со гордост го прими признанието и изјави дека е најсреќен што неговата ќерка со Ким Бесинџер ќе може да се пофали дека и двата нејзини родители имаат добиено ѕвезда.

Алек Болдвин Алек Болдвин

Болдвин не заборави да се заблагодари на екипата од серијата 30 Rock и на неговата шефица Тина Феј, коишто ја „воскреснаа“ неговата кариера.

„Телевизиското шоу што го правам во моментов е најдоброто мое искуство досега“ – изјавил Болдвин, кој за серијата има добиено две Еми награди.

Во текот на својата богата кариера, Алек Болдвин се има појавено во преку 40 филма и има добиено 3 награди Златен глобус и 4 SAG награди.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.