Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерот Идрис Елба преку видео сподели дека има коронавирус

Актерот Идрис Елба преку видео сподели дека има коронавирус

На светско ниво, непрекинато расте бројот на заболени од новиот коронавирус. И Идрис Елба е позитивен за КОВИД-19.

47-годишниот актер сподели видео во кое им откри на фановите дека се тестирал и дека резултатите се позитивни, но дека нема симптоми. Тој е во изолација заедно со неговата сопруга Сабрина.

„Во ред сум, Сабрина не е тестирана и таа е ОК. Немав симптоми. Се тестирав, затоа што дознав дека бев во контакт со некој кој исто така е позитивен... Ова е сериозно. Сега е време да мислиме на одржување на социјална дистанца, на миење раце. Има луѓето кои не покажуваат симптоми и лесно може да се распространи... Сега е време за солидарност, сега е време да мислиме едни на други“ – вели тој.

Идрис Елба

Во нашата држава, до овој момент официјално се потврдени 19 случаи, од кои првата пациентка денеска беше пуштена дома откако тестовите беа негативни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10981 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.