Адријана Лима ги остави зад себе коментарите дека изгледала „непрепознатливо“ и со поприроден мејкап изглед се појави на настан во Минхен.
42-годишната манекенка, која беше ангел со најдолг стаж во Victoria’s Secret, присуствуваше на добротворна гала во германскиот град. Таа беше придружувана од саканиот Андре Лемерс со кого има едно дете.
Парот си разменуваше нежности на црвениот тепих, а Лима заводливо позираше пред фоторепортерите.













Претходно, Лима беше критикувана дека не личи на себе и дека си го променила изгледот на лицето. Таа не остана рамнодушна и возврати: „Ова е лице на уморна мајка на една тинејџерка, две деца во предтинејџерски години, едно активно момче и едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња. Благодарам за загриженоста“.
Лима и Лемерс се заедно од 2021 година, а во август 2022 година се роди нивниот син.




