Адријана Лима се појави на првиот јавен настан по објавувањето на веста за бременоста.
40-годишната манекенка присуствуваше на ревијата на Balmain во Париз. Убавата Бразилка беше придружувана од нејзиниот партнер Андре Лемерс.
Шармантната трудница носеше црна припиена креација која ѝ го истакна стомачето.







Лима и Лемерс ја започнаа врската на почетокот на минатата година и оттогаш се неразделни. Ова ќе биде нивно прво заедничко дете.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret има уште две ќерки со бившиот сопруг Марко Јариќ.










