Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Tree of Life“, филмот со Бред Пит, ја освои Златната палма во Кан

„Tree of Life“, филмот со Бред Пит, ја освои Златната палма во Кан

Филмот „Tree of Life“ на режисерот Теренс Малик ја освои главната награда на 64. Кански филмски фестивал.

Бред Пит во „Tree of Life“Бред Пит во „Tree of Life“

Драмата во која главните улоги ги имаат Бред Пит, Шон Пен и Џесика Частеин доби мешани критики, но на крајот сепак успеа да го освои жирито на чело со Роберт Де Ниро. „Tree of Life“ некои го нарекоа амбициозно дело на генијалец, а други го окарактеризираа како хаотично мислење за животот и духовноста.

Култниот режисер Теренс Малик не се појави на настанот за да ја прими наградата.

Втората награда, Гран Прито на францускиот фестивал, ја добија два филма – „The Kid with a Bike“ и „Once Upon a Time in Anatolia“.

Кирстен Данст беше прогласена за Најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Melancholia“, а Жан Дижарден ја доби наградата за Најдобар актер за филмот „The Artist“.

Наградите беа доделени вчера, на последниот ден од Канскиот филмски фестивал.

The Tree of Life – трејлер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11347 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.