Енди Мекдауел е среќна со својот природен изглед. 65-годишната актерка шармираше во блескава креација на премиерата на својата нова серија „The Way Home“, а нејзината седа коса совршено се вклопи со свечената тоалета.
Холивудската ѕвезда престана да користи фарба на почетокот на пандемијата со Ковид. Оттогаш ја негува својата природна коса и апелира да се сакаме себеси онакви какви што сме.



Енди со широка насмевка позираше со своите колеги од новата серија, која раскажува приказна за три силни и независни жени од различни генерации кои живеат заедно и тргнуваат на необично патување за да дознаат повеќе за нивното семејно минато.





