Хајди Клум заслужено освои лавина од комплименти со нејзината појава на забавата на Волт Дизни по повод доделувањето на Еми наградите.
50-годишниот модел изгледаше сензационално во фустан со силуета на сирена од колекцијата висока мода есен/зима 2023 на Тони Вард. Брановидната фризура и колоритната шминка на совршен начин го комплетираа нејзиниот изглед.
Забавата се одржа во отмениот ресторан „Otium“ во Лос Анџелес.





