Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 21-годишната ќерка на Кејт Мос гордо ја покажа инсулинската пумпа за дијабетес во проѕирен фустан

21-годишната ќерка на Кејт Мос гордо ја покажа инсулинската пумпа за дијабетес во проѕирен фустан

Лила Мос не се срами да зборува за здравствените предизвици со коишто се соочува. Стремејќи се да ја подигне свеста за дијабетесот, 21-годишната ќерка на Кејт Мос гордо ја покажува инсулинската пумпа.

Смелата девојка повторно доби комплименти што не го сокри медицинскиот уред за контролирање на шеќерот во крвта додека чекореше на црвениот тепих во Лондон.

Лила Мос Лила Мос Лила Мос Лила Мос Лила Мос

На доделувањето на британските модни награди, Лила носеше проѕирен фустан, поради кој беше споредена со изглед на нејзината славна мајка од пред 30 години.

Лила Мос Лила Мос Лила Мос Лила Мос Лила Мос Лила Мос

И Кејт Мос беше присутна на свеченоста.

Лила Мос Лила Мос Лила Мос Лила Мос

Откако за првпат се појави со инсулинската пумпа на црвениот тепих на Мет галата минатата година, Лила од многумина беше наречена „инспирација за луѓето со дијабетес“.

Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (гликоза) во крвта. Нивото на гликоза во крвта е контролирано од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот.

Дијабетес тип 1 (инсулинозависен дијабетес) е форма на дијабетес при која инсулинот во панкреасот се создава во многу мали количества или воопшто не се создава.

Овој тип се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Поради тоа, потребно е постојано следење на гликозата и по потреба инјектирање инсулин кај лицето со дијабетес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.