Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 19-годишната ќерка на Коби Брајант во розов фустан на свеченост во Њујорк

19-годишната ќерка на Коби Брајант во розов фустан на свеченост во Њујорк

Наталија Брајант беше меѓу славните гости на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка.

19-годишната ќерка на Коби и Ванеса Брајант зачекори на церемонијата во долг розов фустан со качулка од Том Форд, кој го надополни со златни модни детали.

Наталија ги прави првите чекори во модниот свет. Таа потпиша договор со агенцијата за модели IMG Models во 2021 година. „Имам љубов кон модната индустрија уште од кога знам за себе и сакам да бидам модел“ – вели таа.

Наталија Брајант Наталија Брајант

По потпишувањето на договорот со IMG Models, таа изјави: „Има многу работи кои допрва треба да ги учам, но чувствувам дека ова е голема можност за мене за да учам и да се искажам себеси на креативен начин“.

Наталија признава дека најголема инспирација ѝ е нејзината мајка, Ванеса Брајант. Taa ѝ давала модни совети за стилот и ја учела дека убавината прво доаѓа од внатрешноста.

Во интервју за „Вог“, Наталија има изјавено: „Убавината избледува, така што сакам да бидам позитивна, самоуверена и да си се допаѓам самата на себе. Тоа дефинитивно ми помага да се обликувам себеси како индивидуа“.

Наталија Брајант Наталија Брајант Наталија Брајант Наталија Брајант Наталија Брајант

Наталија го изгуби татко си Коби и сестра си Џиана во хеликоптерска несреќа во 2020 година.

Наталија Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11868 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.