Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: 6-годишно девојче тежи повеќе од 90 килограми

ФОТО: 6-годишно девојче тежи повеќе од 90 килограми

Суман Катум од индиската сојузна држава Западен Бенгал тежи 91 килограм, а има само 6 години.

Малата Индијка се вбројува во најдебелите деца на светот и во текот на една седмица јаде толку многу што со таа храна би можело да се нахрани целото село каде што живее. Во рок од една недела Суман може да изеде 14 килограми ориз, 8 килограми компири, 8 килограми риба, околу 180 банани, неодредена количина слатки и тоа да не ѝ е доволно.

Суман КатумСуман Катум

Нејзината мајка, Бели Биби, не е сигурна колку точно јаде нејзината ќерка затоа што веднаш по ручекот Суман станува и тргнува по патот за да бара уште храна од соседите.

Суман Катум и нејзините пријатели од селотоСуман Катум и нејзините другарки од селото

„Таа постојано е гладна и само плаче. Не сакам да ја гледам својата ќерка тажна, па ја хранам. Што би требало да правам?“

„Пробав сè за да го контролирам апетитот на Суман, но таа плаче толку многу што немам друг избор освен да ја нахранам. Се обидов да бидам строга и одбив да ѝ давам храна, но таа ќе започнеше да се тркала на подот и да јаде кал. Не можам да дозволам моето дете да јаде кал...“

„Многу ми се срам кога ќе оди да бара уште храна, исто како ние да ја оставаме да гладува. Моите соседи ќе се сожалат на неа, па и тие ѝ даваат храна“ – изјавила нејзината мајка.

Таткото на Суман заработува по околу 11 евра неделно и скоро сите ги троши за да ја нахрани Суман, па честопати другите членови на семејството остануваат гладни.

Суман на 5-годишна возрастСуман на 5-годишна возраст

Суман оди на училиште, но таму е само исмејувана. „Повеќето момчиња се шегуваат со мене и јас бегам и се кријам. Освен тоа, не добивам доволно храна за ручек, гладна сум за време на часовите и ми е лошо“ – изјавила Суман.

Докторите ги предупредуваат родителите дека ако не ѝ се намали апетитот на малото девојче, може да дојде до појава на фатални кардиоваскуларни болести. Тие сметаат дека Суман страда од хормонално пореметување.

СуманСуман на 5 години тежела 76 килограми

Но, родителите не знаат како да се справат со ситуацијата. „Ако плаче многу, се разболува и ѝ тече крв од носот, што е уште полошо. Па, се обидуваме да ја направиме среќна и да ѝ даваме сè што сака. Храната ја усреќува. Рацете ни се врзани“ – изјавила очајната мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10606 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.