Почетна » Новости » Музика » Фолтин го објавија новиот албум „МОМÓМА“: Слушнете ги сите шест песни

Фолтин го објавија новиот албум „МОМÓМА“: Слушнете ги сите шест песни

„Ми се води љубов“, „Месечина“, „Мачка во вреќа“, „Несоница“, „Чекор“ и „Ти верувам“ се песните од новиот албум на Фолтин, насловен „МОМÓМА“.

Шесте авторски композиции денес беа објавени на YouTube каналот на познатиот битолски бенд.

Слушнете ги:

“МОМÓМА" е најзрелиот албум на Фолтин. Музички клуч под дипле. Со кој влегувате којзнае каде. Благо џезиран. Бескрајно љубовен. И, замислете, пријатно поинаков од сѐ претходно, а препознатливо фолтиновски.

МОМÓМА е како Шпато да седнал со “Бич Бојс”, па отсвириле пет-шест ствари. Онака, како од шега, ама пресериозно. И тоа од таа нивна чудесна „Pet sounds“ фаза. Кога правиш нешто сосема поинакво од очекуваното и ги збунуваш сите до радост.

МОМÓМА е и „Скопје фест“, оној од седумдесеттите, од Оџаклиевска, Хаџиманов, Спирова, Панчетовиќ, Биг-бендот... но со Фолтин, место сите нив заедно.

Албумот нè гали и со влијанијата од Херби Хенкок - од “Thrust”, на пример, управувани од бојата на неговиот вселенски синтисајзер.

Во песната „Ми се води љубов“ можеби можете да го препознаете и Том Вејтс, како да влегол во романтична џез фаза, па пее пригушено низ мегафонот од “Chocolate Jesus”. А потоа од некаде излегува и Боуви, со онаа негова проклето прекрасна насмевка.

А текстовите? Тие се такви какви што ги очекувате – безмилосно нежни и силни. „МОМÓМА“ е оној момент којшто не сакате да заврши. Во ноќта кога, рече, може само да ме сонуваш. Кога ви се води љубов. Малку неморално. Раскошно и блудно”.

Дејан Трајкоски – писател

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.