Почетна » Новости » Музика » Спотот за „Врбина зора“ на Кирил Џајковски од саундтракот на „Врба“ на Манчевски

Спотот за „Врбина зора“ на Кирил Џајковски од саундтракот на „Врба“ на Манчевски

Промовирана е уште една музичка тема од саундтракот за филмот „Врба“ која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски.

Идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) е претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам.

„Идејата за 'Willow Dawn' тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на 'Тешкото'. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот“ - вели Џајковски.

Првиот сингл од саундракот за филмот, кој неодамна беше промовиран е „Ред Сафари“.

Светската премиера на „Врба“, кој непрекинато добива извонредни критики, се одржа во октомври, во рамките на Филмскиот фестивал во Рим.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11091 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.