Почетна » Новости » Музика » „Сите светла“ – спотот за првиот дует на Лара Иванова и Јосиф Ристовски

„Сите светла“ – спотот за првиот дует на Лара Иванова и Јосиф Ристовски

Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија спотот за нивниот прв дует „Сите светла“, кој за само неколку денови има илјадници прегледи и бројни позитивни коментари.

Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видеозаписот Томислав Живковиќ.

„Сите светла“ се вперени кон Лара, затоа што во спотот се појавува во уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога.

„Песната излезе многу спонтано. Работевме во студио и после две-три демо снимки ја направивме ‘Сите светла’. Јас сум презадоволна од оваа соработка. Коментарите од публиката се позитивни и тоа многу ме радува. Јосиф е доста флексибилен за работа и многу е креативен, па затоа беше задоволство да се соработува со него. Секако не застанувам тука, работам на многу нови проекти, што значи дека во многу скоро време повторно може да очекувате нешто ново од мене“ – вели Лара.

Лара Иванова и Јосиф Ристовски Лара Иванова и Јосиф Ристовски Лара Иванова и Јосиф Ристовски Лара Иванова и Јосиф Ристовски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.