Почетна » Новости » Музика » Младите уметници имаат пријател – Клиника Жан Митрев

Младите уметници имаат пријател – Клиника Жан Митрев

Клиника Жан Митрев продолжува со својата посветеност кон поддршката на младите таленти и македонската култура и уметност. Во рамките на оваа своја мисија, клиниката беше мецена на младото музичко дуо Јанев и Лазарова, кои го претставија нашето музичко богатство на големата сцена во Њујорк.

Во преполната сала на престижниот музички центар „The DiMenna Center for Classical Music“ во срцето на Менхетн, беа одржани концертите на победниците од International Youth Music Competitions (IYMC) – глобална манифестација која ги собира најталентираните млади музичари од целиот свет.

На сцената настапи дуото Јанев и Лазарова – Златица Лазарова и Јулијана Јанев, ученички во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, кои со виртуозна изведба на „Рапсодија бр. 2“ од Франц Лист ја воодушевија публиката и добија долготраен аплауз.

„Голем предизвик е да се настапи на ваков свечен концерт меѓу најдобрите инструменталисти од целиот свет. За мене ова беше остварување на сонот и огромен поттик за понатаму. Му благодарам на доктор Жан Митрев за поддршката што ми овозможи да го реализирам ова патување за кое сонував со години. Ќе продолжам со уште поголем ентузијазам, знаејќи дека постојат луѓе и институции кои искрено ја ценат уметноста,“ – изјави младата пијанистка Златица Лазарова, споделувајќи ги впечатоците од настапот во Њујорк.

Со вакви иницијативи, Клиника Жан Митрев уште еднаш го потврдува својот статус како општествено одговорна организација, која верува дека вложувањето во младите уметници претставува инвестиција во иднината на нашето општество.

Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025 Годишниот сестрински конгрес 2025

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30279 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.