Почетна » Новости » Музика » Група Мерак: „На старите македонски песни им дадовме нов модерен звук“

Група Мерак: „На старите македонски песни им дадовме нов модерен звук“

Познатите македонски песни „Една песна“, „Мајка на Марика“, „Дојди ми Лено“, „Чудна жена“ и „Бисера“, ги препеаја членовите на групата Мерак со вистински мерак за сечие уво.

„На нашата публика сакавме да и подариме стари македонски песни кои се вистински хитови. Како група ги препеавме и им дадовме еден нов модерен звук преку нашите вокали и инструменти. Како група во следниот период ќе работиме на создавање на уште две преработки кои наскоро ќе ги промовираме, до тогаш уживајте во видео записите на старите македонски песни“ - вели Марио Стојановски од Група Мерак.

Мајка на Марика

Дојди ми Лено

Чудна жена

Една песна

Бисера

Шестчлената група Мерак е составена од хармоника Марио Стојановски, дувачки инструменти Стефан Стојановски, клавијатури вокал диџеј, Бланка Тони, клавијатури вокал, Даниел Максимов и виолина, Димитар Михајловски и тапани Игор Николовски. Сите членови на групата се професионални музичари, имаат долгогодишно музичко искуство и настапи низ државава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.