Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Џони Деп и Натали Портман во новиот спот на Пол Мекартни

ВИДЕО: Џони Деп и Натали Портман во новиот спот на Пол Мекартни

Пол Мекартни објави три видеозаписи за својата балада „My Valentine“. Во првиот спот главното лице е Натали Портман, во вториот е Џони Деп, а во третиот се појавуваат и двете филмски ѕвезди.

Црно-белите видеа се едноставни. Натали Портман и Џони Деп седат на стол и користат знаковен јазик за да го пренесат текстот на песната.

Романтичната балада поранешниот член на „The Beatles“ ја напишал откако ја запознал својата трета сопруга Ненси Шевел и ја раскажува приказната за својата љубов кон неа. Тоа е песната на којашто Пол и Ненси заиграа за првпат на својата свадба откако стапија во брак во октомври минатата година.

Песната е резултат на соработка со Ерик Клептон, кој е „одговорен“ за звуците на гитарата. „My Valentine“ е дел од најновиот албум на 69-годишниот пејач, „Kisses on the Bottom“.

Натали Портман и Џони Деп

Натали Портман

Џони Деп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.