Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Џенифер Лопез излегува од насилна врска во спотот за „Rebound“

ВИДЕО: Џенифер Лопез излегува од насилна врска во спотот за „Rebound“

Џенифер Лопез го објави спотот за песната „Rebound“, која е дел од нејзиниот најнов албум „This Is Me… Now“.

Во видеозаписот, 54-годишната пејачка страда и се бори да излезе од насилна врска, додека нејзиниот партнер физички ја напаѓа и се обидува да ја задуши.

На крајот, таа храбро ги откачува сите „жици“ кои ја поврзуваат со тој маж и се ослободува од неговите канџи.

Лопез Лопез Лопез

Низ песните од албумот „This Is Me… Now“, Лопез се обидува да го долови својот љубовен живот. Од сите нејзини неуспешни врски и бракови, до сегашниот брачен живот со Бен Афлек.

Џеј Ло цели да им пренесе на своите обожаватели порака дека вистинската љубов навистина постои. „Сите вие кои го следите моето патување, сметам дека ме знаете. Она што сакам да ви го кажам на сите со албумот... е дека вистинската љубов всушност постои“ – порача таа.

„This Is Me… Now“ е продолжение на нејзиниот албум „This Is Me... Then“ од пред 20 години, кога за првпат беше во љубовна врска со Бен Афлек.

Лопез Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11645 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.