Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Тејлор Момсен го смири бунтовничкиот дух за спотот за „You“

ВИДЕО: Тејлор Момсен го смири бунтовничкиот дух за спотот за „You“

Тејлор Момсен и нејзиниот бенд The Pretty Reckless го објавија спотот за баладата „You“. Во видеото, 18-годишната актерка и пејачка седи во соба и гледа снимки од љубовни сесии кои ги имала со својот сакан за време на среќните мигови од нивната врска.

Тејлор, позната по улогата на Џени Хамфри во серијата „Gossip Girl“, за спотот ги има оставено настрана стриптизерските обувки во кои редовно се појавува. Минатата година таа се откажа од „Gossip Girl“ за да продолжи со својата музичка кариера. „Многу уживам да глумам, но тоа сè уште го сметам за работа. Музиката е мојот живот“ – изјавила таа.

Момсен редовно е критикувана за провокативниот начин на облекување и поради разголувањето на градите на сцената.

ТејлорТејлор на турнеја со бендот

Токму затоа сите беа изненадени кога на ревијата на Маркеса во Њујорк, Тејлор се појави облечена како млада дама.

ТејлорТејлор на ревијата на Маркеса во Њујорк

„You“ е четвртиот сингл на The Pretty Reckless од нивниот дебитантски албум „Light Me Up“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.