Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Викторија Лоба за „Воздишка“ снимен на вулканската плажа на Санторини

ВИДЕО: Спотот на Викторија Лоба за „Воздишка“ снимен на вулканската плажа на Санторини

Викторија Лоба го промовираше спотот за нејзината нова песна „Воздишка“, кој е снимен на познатата вулканска плажа „White Beach“ на островот Санторини, Грција.

Автор и музички продуцент на песната е Маргарита Сотировска, а Лоба се појавува како текстописец.

„За да се сними спотот, цела екипа специјално чекавме да биде ветровито и облачно времето сè со цел да го доловиме контрастот на невремето со емоцијата која ја пренесувам преку 'Воздишка'“ – вели македонската пејачка.

Видеото е продуцирано и режирано од Дарко Митев – Аргона, а стајлингот е на дизајнерот Папаз.

„Воздишка“ е напишана во еден здив и е дел од новиот албум „Нов свет“. „Една од моите цели како артист и индивидуа која постојано вложува на професионален и духовен план е да инспирирам и да бидам инспирирана. Сакам да ја пренесам длабочината на моите чувства директно со публиката. После долг период имам желба да сум отворена и искрена во тоа што го работам, да ги потсетам луѓето на тие едноставни и мали нешта кои се всушност толку големи, важни и значајни во нашиот живот како што е љубовта и искрената комуникација меѓу нас“ – додава Лоба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.