Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Пинк со спот против тинејџерските самоубиства

ВИДЕО: Пинк со спот против тинејџерските самоубиства

Пинк го отвори своето срце во моќно видео за нејзината најнова песна „F**kin' Perfect“.

Видеото содржи сцени со самоповредување, обид за самоубиство и користење на дрога, па предизвика жестоки реакции од многумина. Бремената пејачка веднаш го одбрани контроверзниот спот споделувајќи на нејзиниот блог дека правењето на спотот било исто толку емотивно искуство за неа, колку и пишувањето на песната.

Со овој спот 31-годишната пејачка се надева дека ќе успее да помогне во спречувањето на тинејџерските самоубиства кои се сериозен проблем.

Пинк

Еве дел од текстот што Пинк го напиша на нејзиниот сајт во врска со овој проблем: „Самоповредувањето и самоубиствата, два различни симптоми на еден ист проблем, се сè почести. Јас лично не познавам ниту една личност која не познава лично барем две жртви. Многу од нас имаат видено одредени старлети како ги покажуваат последните лузни на црвениот тепих, најчесто пред да се упатат назад на рехабилитација.“

„Можеме да избереме да го игнорираме овој проблем, и да го игнорираме ова видео, но тоа нема да направи проблемот да исчезне. Не ги поддржувам самоубиствата или самоповредувањето. Ги поддржувам децата кои се чувствуваат очајно/беспомошно/немоќно, кои се чувствуваат како никој да не ги гледа и слуша и не можат да видат друг пат... Ним сакам да им кажам дека сум свесна. Сум била таму. Ги гледам. Понекогаш е потребно да се направи само тоа.“

„F**kin' Perfect“ е дел од најновиот албум на Пинк „Greatest Hits... So Far!!!“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.