Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Лејди Гага, Queen, Бруно Марс... најдобрите настапи на MTV EMA

ВИДЕО: Лејди Гага, Queen, Бруно Марс... најдобрите настапи на MTV EMA

Доделувањето на MTV Европските музички награди ќе остане запаметено по настапите на некои од најактуелните музички имиња. Погледнете ги најдобрите настапи на вечерта.

Лејди Гага

Лејди Гага како и секогаш ја почести публиката со театрален настап. Најголемата победничка на вечерта се појави врзана со синџири за реплика на месечината. На почетокот на настапот Гага носеше чудна вонземска креација, но како што се забрзуваше ритамот на нејзината „Marry The Night“, така облеката на Гага се намалуваше, за на крајот да остане по многу кратка сукња и да го отскрие својот задник.

Бруно Марс

Бруно Марс и неговиот бенд создадоа позитивна еуфорична атмосфера со нивната изведба на добро познатиот хит „Marry You“.

Џеси Џеј

Џеси Џеј ги потсети присутните на нејзиниот најголем хит „Price Tag“.

Џастин Бибер

Џастин, кој беше прогласен за најдобар поп изведувач, изведе микс од своите хитови „Under The Mistletoe“ и „Never Say Never“.

Queen и Адам Ламберт

Пред светлата да се изгаснат и публиката да си замине дома, легендарните Queen заедно со гласовитиот Адам Ламберт направија вистински спектакл, исполнувајќи ги мега-хитовите „The Show Must Go On“, „We Will Rock You“ и „We Are the Champions“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.