Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Лана Дел Реј е Мерилин Монро и Џеки Кенеди во спотот за „National Anthem“

ВИДЕО: Лана Дел Реј е Мерилин Монро и Џеки Кенеди во спотот за „National Anthem“

Лана Дел Реј е и Мерилин Монро и Џеки Кенеди во својот спот за „National Anthem“. 26-годишната пејачка во соработка со раперот Ејсап Роки, кој го претставува поранешниот претседател на САД Џон Кенеди, претстави ретро видео режирано од познатиот Ентони Мендлер.

На почетокот на спотот, Лана е во улогата на Мерилин Монро и му пее „Happy Birthday“ на претседателот Џон Кенеди со кого се верува дека Мерилин имаше афера, но потоа Лана ја претставува Џеки Кенеди, неговата сопруга.

Видеото ја покажува страсната љубов помеѓу Џон и Џеки сè до неговиот атентат. Првото семејство на САД е претставено на посовремен начин – убава бела жена во брак со моќен црн маж, што било незамисливо во 60-тите години на минатиот век.

Долгиот спот веднаш по објавувањето крена многу врева и поттикна дискусии за изборот на приказната.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12006 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.