Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Лана Дел Реј го објави спотот за „Born To Die“

ВИДЕО: Лана Дел Реј го објави спотот за „Born To Die“

По објавувањето на песната „Video Games“, многу критичари на Лана Дел Реј ѝ предвидоа светла иднина, иако некои останаа скептични дека 25-годишната пејачка ќе успее да ја одржи својата популарност.

Лана го објави спотот за „Born To Die“, нејзиниот втор официјален сингл од истоимениот албум кој треба да излезе наредната година. Видеото е мрачно и вклучува впечатливи сцени – полуголата Лана во прегратка на тетовиран маж пред американското знаме, Лана со крваво црвени усни на трон во француска катедрала помеѓу два тигри, крвавото тело на Лана во рацете на тетовираниот маж кој стои пред оган...

И публиката е поделена во однос на талентот на Лана. Вашето мислење?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.