Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Кети Пери со бајковит спот за „Wide Awake“

ВИДЕО: Кети Пери со бајковит спот за „Wide Awake“

Кети Пери го објави волшебниот спот за песната „Wide Awake“, последното видео од нејзиниот албум „Teenage Dream“.

Видеото на некој начин го претставува нејзиниот живот во изминативе две години, по објавувањето на „Teenage Dream“ и ја покажува и темната страна зад колоритната весела личност која ја гледавме на сцената.

„Тоа е како лавиринтот на мојот живот во последните две години. Сакав да раскажам приказна за себе... Има добри делови, има лоши делови, а во текот на целото време има моја млада верзија која ме води низ сето тоа“ – изјавила таа.

Еден од тешките моменти на 27-годишната пејачка е разводот со Расел Бренд, којшто најверојатно е претставен во спотот преку ликот на принцот на бел коњ. Шармантниот принц во видеото ги прекрстува прстите зад грб, што симболизира неискреност и лажни ветувања, па Кети го отстранува од својот живот со силна тупаница.

Во спотот Кети е заробена во лавиринт, каде ја открива својата изгубена невиност, претставена преку мало девојче кое всушност е Кети на мали години. Симболичниот спот ги прикажува нападните папараци, нарушувањето на приватноста и носталгијата кои славата ѝ ги донесе на младата пејачка, а исто така содржи и елементи од другите спотови од нејзиниот најпопуларен албум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.