Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Елена Ристеска, Викторија Лоба, Лозано, Next Time… ѕвездите ја пеат божиќната песна „Небо и земја“

ВИДЕО: Елена Ристеска, Викторија Лоба, Лозано, Next Time… ѕвездите ја пеат божиќната песна „Небо и земја“

Македонски музички ѕвезди се обединија и во пресрет на Бадник и Божиќ возобновија позната божиќна песна која многу години се пеела во битолскиот крај.

На иницијатива на Бигорскиот манастир, Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Љубојна, Next Time и Златните славејчиња ја препеаја песната „Небо и земја“, која денес беше објавена заедно со видеозаписот.

Погледнете го спотот за „Небо и земја“ во изведба на македонските поп пејачи:

Со овој видео спот се најавува најголемиот Божиќен настан во регионот. Недела, 6-ти јануари, од 11 часот, во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св. Димитриј, ќе се одржува ГОЛЕМА БОЖИЌНА МАНИФЕСТАЦИЈА со Божиќен концерт и Божиќна претстава на коишто ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.

„ПРАЗНУВАМЕ, СЕ РАДУВАМЕ!“ – е мотото на овогодишната манифестација на која сѐ ќе биде бесплатно за сите, со надеж дека радоста и топлината на Бадник и Божиќ ќе ја почувствува секое детско срцe.

Небо и земја Небо и земја Небо и земја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.