Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Бритни гола под туш со Џејсон Травик во спотот за „Criminal“

ВИДЕО: Бритни гола под туш со Џејсон Травик во спотот за „Criminal“

Спотот на Бритни Спирс за синглот „Criminal“ е мини филм кој вклучува романса, секс и насилство.

На почетокот на видеото, 29-годишната ѕвезда го напушта својот насилен дечко откако е спасена од Џејсон Травик, кој всушност е нејзиниот партнер од реалниот живот. Во неколку сцени Бритни се разголува со Џејсон и си разменуваат страсни бакнежи, а непокорната пејачка му се приклучува на својот нов партнер во криминалниот живот.

Бритни неколку пати беше критикувана од властите во Англија за насилството во спотот, особено за тоа што користи пиштол, бидејќи видеото беше снимано на локации кои беа зафатени од големите улични нереди што избија неколку месеци пред снимањето на спотот. Поп-ѕвездата тогаш одби да се извини, давајќи објаснување дека спотот е измислена приказна, а сценариото го следи текстот на песната која била напишана три години пред немирите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.