Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Адел пее за првпат по операцијата... совршено!

ВИДЕО: Адел пее за првпат по операцијата... совршено!

На обожавателите на музиката на Адел им недостигаа нејзините совршени изведби во живо додека популарната пејачка закрепнуваше од операција на гласните жици. Чекањето заврши. Адел е подготвена да се врати на музичката сцена и тоа го докажа во шоуто „60 minutes“.

23-годишната Адел седна пред водителот Андерсон Купер и без многу труд „а капела“ исполни дел од нејзиниот хит „Rolling In The Deep“.

Ова е првпат Адел да пее во јавност по операцијата, а нејзиното големо враќање е закажано за в недела, на доделувањето на Греми наградите. Судејќи според ова видео, слободно може да се каже дека ќе видиме спектакуларна изведба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.