Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Evanescence го објавија спотот за „My Heart Is Broken“

ВИДЕО: Evanescence го објавија спотот за „My Heart Is Broken“

Evanescence го објавија музичкиот спот за песната „My Heart Is Broken“. Видеото е мрачно, а идејата за него доаѓа од хорор филмот „Paperhouse“, во кој се работи за девојче кое создава живи соништа за да избега од суровата реалност, но потоа дознава дека е заробено во тие соништа.

„Во основа јас го цртам светот околу мене од ништото, и кога ги цртам со моите раце, исто како тие навистина да оживуваат“ – објаснила пејачката Ејми Ли, која воедно ја напишала песната.

„Мој добар пријател предводи организација во Њујорк за спасување на жртвите на трговијата со луѓе. Додека ја пишував песната се ставав на тоа место – како би било да си заробен? Да ти се закануваат? Сам? Без можност да кажеш на кого било, затоа што се плашиш од тоа што може да се случи“ – објаснила пејачката со моќен глас.

„My Heart Is Broken“ е дел од најновиот албум на групата, насловен Evanescence.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.