Почетна » Новости » Музика » „Kazu Da Vreme Leci Sve“ – нова песна од Тоше Проески буди силни емоции

„Kazu Da Vreme Leci Sve“ – нова песна од Тоше Проески буди силни емоции

Денес, кога нашата легенда Тоше Проески ќе наполнеше 43 години, беше објавена нова негова песна „оживеана“ со вештачка интелигенција.

„Kazu Da Vreme Leci Sve“ ги разнежни срцата на фановите на Тоше, благодарение на радио-водителот и диџеј кој му беше верен пријател на Тоше, Кирил Зарлинов, познат и како Erik Fox.

„Благодарност до Александар Трајановски без кој овој проект немаше да биде возможен... Голема благодарност до фамилијата на Тоше за безрезервната поддршка“ – пишува тој.

Музиката и текстот се на Зоран Ѓорѓевиќ, аранжманот и продукцијата ги работеше Зарлинов додека за миксот и мастерингот бил одговорен Костадин Камчев. Видеото со текстот на песната е дело на „Студио 351”.

Тоше Проески

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.