Почетна » Новости » Мода » Што мислат мажите за различните типови костими за капење?

Што мислат мажите за различните типови костими за капење?

Изборот на костим за капење за жените е проблематичен процес, проследен со многу стрес. Повеќето жени мразат да одат на шопинг по нов костим за капење, а пронаоѓањето на „вистинскиот“ носи огромно задоволство.

И додека многу жени бараат специјален костим кој би оставал силен впечаток, мажите претпочитаат покласични модели. Со намера да дознаат какви се преференциите на мажите во однос на модерните модели костими за капење, уредничките на Marie Claire побарале мислење од 100 мажи.

Од нивното истражување не е тешко да се заклучи дека мажите ги одобруваат повеќето типови костими за капење, што е и сосема очекувано – кој маж не би сакал пред очи да има разголено женско тело?

Класични бикини

Класични бикини

Класичните дводелни костими за капење им се омилени на мажите. Неколкумина од учесниците во истражувањето изјавиле дека овој модел најмногу ги потсетува на градник и гаќички, па затоа и им се особено привлечни. Цели 93% дале зелено светло за ваквите костими, а само 7% изјавиле дека не им се допаѓаат.

Бикини со тенки врвки

Бикини со тенки врвки

Иако разголуваат повеќе од женското тело, бикините со тенки врвки имаат помалку обожаватели меѓу мажите. Очигледно мажите сакаат малку повеќе мистерија, затоа што 26% изјавиле дека ваквите бикини отскриваат премногу и дека не би ги ставиле во омилени. Сепак, остануваат добри 74% кои би сакале пред себе да видат девојка во бикини со врзување.

Без прерамки

Без прерамки

Дводелните костими на кои горниот дел им е без прерамки се едни од фаворитите на посилниот пол. 89% дале свое одобрување за овој тип костими, а само 11% го оцениле како непривлечен.

Монокини

Монокини

Костимите за капење кај кои горниот и долниот дел се поврзани со интересно парче ткаенина се особено модерни, но не се толку популарни меѓу мажите. 78% кажале остро „НЕ“ за овој тип, а најголем дел од нив дале објаснување дека не можат да разберат што е поентата на ваквите костими.

На една прерамка

На една прерамка

Независно дали се работи за едноделен или дводелен костим, на 67% од мажите не им смета „осамената“ прерамка. Сепак, 33% изјавиле дека преферираат модели со две прерамки или модели кои воопшто немаат прерамки.

Танкини

Танкини

Мислењето на мажите е поделено во однос на танкините. 53% изјавиле дека им се допаѓа како изгледаат, но 47% го презираат нивниот изглед. Повеќето признале дека ваквите костими ги потсетуваат на маж кој носи маица покрај базен.

Едноделен костим за капење

Едноделен костим за капење

Сè додека моделот на костимот е секси и не изгледа како жената да тренира пливање за на Олимпијада, на 65% од мажите им се допаѓаат едноделните костими.

Ретро стил

Ретро стил

Ретро костимите за капење се моден хит, но не и во мислите на мажите. Дводелните костими со висок струк и едноделните костими кои имаат за цел да ги акцентираат женските облини не добиваат поддршка од 79% од мажите.

Костими „висока мода“

Костими „висока мода“

Костимите за капење кои се украсени со премногу метални додатоци и светкави камчиња им се најнеомилени на спротивниот пол. Дури 83% од мажите се против ваквите костими и се чудат дали воопшто се правени за пливање или само за дефилирање.

И сепак, дали еден костим за капење е привлечен за мажите или не, најмногу зависи од жената која го носи. Најголем дел од мажите не би можеле да ѝ одолеат на жена со одржано тело, која со голема самодоверба го носи костимот за капење, независно од неговиот модел.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11813 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.