Почетна » Новости » Мода » Црвенокоса девојка која била исмејувана на училиште за изгледот стана Мис Англија 2022

Црвенокоса девојка која била исмејувана на училиште за изгледот стана Мис Англија 2022

Џесика Геген е новата Мис Англија. 26-годишната девојка, која била исмејувана на училиште поради црвената коса, сега е пресреќна што ја освои оваа титула.

Џесика е студент по воздухопловно инженерство. Taa ги победи останатите 30 учеснички на натпреварот за убавина кој се одржа во Бирмингем.

Џесика Геген Џесика Геген

Геген била навредувана и исмејувана од своите соученици и за да го избегне малтретирањето, била принудена да го јаде училиштниот оброк во тоалет.

Џесика Геген Џесика Геген

Со прогласувањето за најубава девојка во Англија, таа ги замолчи оние кои ја исмејуваа. Џесика ќе ја претставува својата земја на Мис на светот.

Џесика Геген Џесика Геген

Со својот успех, Џесика се надева дека ќе им ја зголеми самодовербата на децата со природна црвена коса.

„Никогаш досега немало црвенокоса Мис Англија. Сметам дека ако ја освојам оваа титула, ќе можам да ги охрабрам децата кои се исмејувани поради изгледот и бојата на косата“ – изјавила таа.

„Целото мое патување на Мис Англија е поради тоа што сакам да го посочам овој проблем. Има деца кои минуваат низ истите нешта како мене и сакам да им покажам дека тоа не трае вечно. Секогаш има светлина на крајот од тунелот“ – додала Џесика.

Џесика Геген Џесика Геген Џесика Геген

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11954 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.