Почетна » Новости » Мода » Хит костими за капење за најнепредвидливото лето досега

Хит костими за капење за најнепредвидливото лето досега

Летната сезона годинава започна невообичаено. Да, апсолутно нурнуваме во непредвидливо лето во кое не знаеме кои патишта до плажи ќе ни бидат отворени, но тоа не го запира женското око да талка по идеалниот костим за капење.

Независно дали ќе се разладувате во базен, во македонски езерски бисер или сепак ќе се „поклопат коцките“ за да се релаксирате покрај море, веројатно забавно ќе ви биде да ѕирнете низ актуелните модни тенденции.

„Песочен“ сјај

Препорачливо е да експериментирате со ткаенини со замајувачки сјај кој потсетува на ситен песок осветлен од сончевите зраци.

Костим за капењеКостим за капење Women'secret (-20%)

Инстантен погодок

Еден од најпопуларните модели на костими за капење со леснотија продре во плакарите на многу блогерки и започнува да ги обиколува плажите низ светот.

БелоКостим за капење Women'secret (-30%) БелоКостим за капење Women'secret (-30%)

Точкеста летна фантазија

Класиката не излегува од мода. Точкестиот принт со години е закован меѓу трендовите кога станува збор за костимите за капење.

Костим за капењеКостим за капење Women'secret (-21%)

Диско-металик

Металик финишот со кој ќе ги оживеете диско 70-тите и 80-тите години ќе ве направи вистинска ѕвезда на подиумот наречен плажа.

БелоКостим за капење Diesel (-30%)

Текстурирани и минималистички

Едноставни силуети и релјефни текстури ќе владеат на летните туристички локации. Доколку сте обожавателка на еднобојните костими за капење, ова е најлесен начин да внесете динамика во изгледот за на плажа.

Винтиџ цветна рапсодија

Летно и цветно... Замислете си ретро тапети и пренесете ги на костимите за капење. Цветните принтови кои изгледаат како да се излезени од минатиот век се шармантен тренд на кој не можете да му кажете НЕ.

БелоКостим за капење Women'secret (-30%)

Црно засекогаш

Иако не е меѓу примарните асоцијации на летната сезона, особено на плажа, црната боја секогаш е присутна и популарна кога се работи за костимите за капење.

Комплетната понуда на костими за капење на FashionGroup можете да ја разгледате тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.