Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Шминката и ѕидовите со 1.000.000 цветови на ревијата на Диор

ФОТО: Шминката и ѕидовите со 1.000.000 цветови на ревијата на Диор

Ревијата на високата мода на Диор беше ставена под лупата на модните критичари, па новиот креативен директор Раф Симонс се обиде да ги импресионира.

Освен што секоја креација беше измислена и изработена до совршенство, не беа занемарени и останатите елементи на големото шоу на француската модна куќа.

На страницата на Диор на Facebook беа објавени фотографии од шминката на манекенките и истите предизвикаа бран позитивни реакции. Колоритната шминка во футуристички стил ги красеше очите на манекенките.

Шминката на ревијата на Диор Шминката на ревијата на Диор Шминката на ревијата на Диор

Усните на моделите на Диор беа како вистинско летно зајдисонце. Неколку топли бои се преливаа една во друга, хармонично создавајќи неодоливо привлечен изглед.

Шминката на ревијата на Диор Шминката на ревијата на Диор

Ѕидовите на просторијата во која се одржа големата ревија беа прикриени со милион цветови во различни бои. Раф на еден начин со тоа искажа почит и восхитување кон „творештвото“ на Кристијан Диор и неговата опседнатост со убавината на цветовите.

Ѕидовите со цвеќиња на ревијата на Диор Ѕидовите со цвеќиња на ревијата на Диор Ѕидовите со цвеќиња на ревијата на Диор Ѕидовите со цвеќиња на ревијата на Диор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.