Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Црвени „лобутинки“ се најсекси обувки за 2012

ФОТО: Црвени „лобутинки“ се најсекси обувки за 2012

Женската љубов кон обувките и не е некоја тајна и секојдневно илјадници дизајнери се обидуваат да ги заробат погледите на понежниот пол. Кристијан Лобутин ги шармира жените со црвената боја, па токму обувки на кралот на црвените ѓонови беа прогласени за најсекси обувки за 2012 година.

Црвени лаковани обувки со „боцки“ добија најмногу гласови во анкета на „Footwear News“ и „Saks Fifth Avenue“ во рамките на натпреварот „Секси обувки“.

Кристијан Лобутин1. Обувки Кристијан Лобутин

На второто место се најдоа бордо чевли на Стјуарт Вајцман со тенка штикла и елегантна силуета.

2. Обувки Стјуарт Вајцман

Гламурозни сандали на Џими Чу во сребрено-црна комбинација го освоија третото место.

Џими Чу3. Обувки Џими Чу

Високи чизми од превртена кожа и украсени со блескави камчиња од линијата „B Brian Atwood“ на Брајан Етвуд го добија четвртото место.

B Brian Atwood4. Обувки B Brian Atwood

Победниците беа избрани од 25 финалисти селектирани од модни уредници, од брендови како Маноло Бланик, Кристијан Диор, Николас Кирквуд, Гучи, Џими Чу, Кристијан Лобутин, Брајан Етвуд и др.

Минатата година победија елегантни обувки на Валентино, кои претставуваат софистицирана комбинација од кожа и тантела.

Минатогодишниот победникМинатогодишниот победник

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.