Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Хајди Клум ја лансира својата колекција накит „Wildlife“

ФОТО: Хајди Клум ја лансира својата колекција накит „Wildlife“

Хајди Клум ја престави својата колекција накит во хотелот „Четири сезони“ во Беверли Хилс. 38-годишната манекенка ја создаде колекцијата „Wildlife“ во соработка со компанијата QVC.

Хајди КлумХајди Клум го презентира својот накит

Накитот е бижутерија и е изработен од блескави камења и метал во различни бои. „Единствената причина да носите бижутерија е да носите нешто големо – нешто што не можете да го направите со вистинскиот накит затоа што ќе биде прескапо. Можам да стигнам до повеќе луѓе со бижутеријата, цените се неверојатни и можам да правам големи парчиња. Многу е позабавно“ – изјави Клум уште кога го најави создавањето на колекцијата.

Ова не е прв обид на Хајди да влезе во бизнисот со накит. Уште во 2006 година таа дизајнираше колекција од сребро, но заработи тужба од Van Cleef and Arpel, бидејќи нејзиниот накит премногу наликуваше на накитот од најпродавана колекција на компанијата, „Алхамбра“. Клум тогаш се спогоди со компанијата надвор од судница и беше принудена да престане со продажбата на колекцијата.

Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум
Накит од Хајди Клум Накит од Хајди Клум

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.