Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Топ женски модели во моментов

ФОТО: Топ женски модели во моментов

1. Лара Стоун

Лара Стоун (27) е меѓу најбараните модели, бидејќи не само што е успешна како рекламно лице, туку и ги „продава“ насловните на списанијата е и инспирација за дизајнери како Марк Џејкобс.

Родена е во Холандија, каде и израснала. Била „откриена“ на 12-годишна возраст, а веќе на 15 години учествувала на „Elite Model Look“ натпреварот.

Лара има соработувано со голем дел од најпознатите модни брендови. Неодамна се соблече гола за календарот на „Пирели“ за 2012 година.

Лара Стоун
Лара Стоун Лара Стоун

2. Наташа Поли

Наташа Поли (26) за првпат се појави на модните писти во 2004 година. Oттогаш има дефилирано за брендови како Александар МекКвин, Шанел и Гучи, а била и еден од ангелите на Victoria’s Secret.

Наташа е жив камелеон и успева секогаш да се трансформира според потребите на модната индустрија. Нејзиното лице било на насловните на најпрестижните модни списанија и во рекламите на Луј Витон, Ланвин, Роберто Кавали, Келвин Клајн, H&M, Џими Чу... Исто како Лара Стоун, и Поли се разголи за новиот календар на „Пирели“.

Наташа Поли
Наташа Поли Наташа Поли

2. Фреја Беха Ериксен

Фреја (24) е дански модел кој ги освојува модните писти. Била „откриена“ од агент кој поминувал со такси покрај неа, а за првпат прошетала по модните писти во 2005 година.

Нарекувана е муза на Карл Лагерфелд, а освен со Шанел, има соработувано со Прада, Луј Витон, Диор, Гучи, Александар Ванг и Зак Позен.

Фреја Беха Ериксен
Фреја Беха Ериксен Фреја Беха Ериксен

3. Ања Рубик

Ања Рубик (28) ја започна својата кариера веднаш откако заврши средно училиште. По потекло е од Полска, но живеела на многу различни места низ светот. Ања била на корицата на многу изданија на Вог, како и на насловните на други елитни модни списанија.

Има соработувано со брендови како Диор, Валентино, Гучи, Ланвин, Армани, Џими Чу, Роберто Кавали и Шанел.

Ања Рубик
Ања Рубик Ања Рубик

3. Карли Клос

Карли Клос (19) молскавично ги освои модните писти и на изминативе недели на модата таа прошета скоро на секоја поголема ревија.

Младата надежна Американка веќе има учествувано во реклами на Дона Каран, Нина Ричи, Александар МекКвин, Ив Сен Лорен, Долче и Габана и многу други. Оваа година Клос за првпат им се придружи на ангелите на „Victoria’s Secret“ на големото шоу. Нејзината последна фотосесија за италијанскиот Вог крена многу врева, бидејќи на една од фотографиите Клос изгледаше преслабо.

Карли Клос
Карли Клос Карли Клос

4. Саша Пивоварова

Саша Пивоварова (26) никогаш не ни сонувала дека ќе стане модел, сè додека во 2005 година нејзин пријател не ја фотографирал и испратил фотографии до агенција за модели. Нејзината прв прошетка на модната писта беше за Прада.

Саша била на пет корици на Вог, зад себе има соработки со Диор, Ели Сааб, Шанел, Валентино, Родарте, а има учествувано во кампањи на Армани и Хуго Бос.

Саша Пивоварова
Саша Пивоварова Саша Пивоварова

4. Џоан Смолс

Џоан (23) по потекло е од Порторико. Започнала да се појавува на големите ревии во 2008 година и оттогаш може да се види на ревиите на Вивиен Вествуд, Даен Фурстенберг, Александар Ванг, Емилио Пучи, Фере, Гучи, Диор и многу други.

Во мај оваа година Џоан стана новото рекламно лице на „Estée Lauder“.

Џоан Смолс
Џоан Смолс Џоан Смолс

5. Аби Ли Кершо

Аби (24) веќе е нарекувана супермодел поради огромниот успех кој го има постигнато во модната индустрија. Потекнува од Мелбурн, но во 2005 година се преселува во Сиднеј, каде што е забележана од истата агентка која ја „открила“ и Миранда Кер.

Гучи, Долче и Габана и Версаче се само мал дел од брендовите кои ја имаат позајмено нејзината несекојдневна убавина.

Аби Ли Кершо
Аби Ли Кершо Аби Ли Кершо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10619 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.