Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Роузи Хантингтон-Вајтли со својата прва колекција долна облека

ФОТО: Роузи Хантингтон-Вајтли со својата прва колекција долна облека

Роузи Хантингтон-Вајтли ја објави својата прва колекција долна облека. Убавата манекенка и актерка ја дизајнираше колекцијата „Rosie for Autograph“ во соработка со Marks&Spencer.

Со помош на луксузна свила и француска чипка, Роузи создаде облека која е одраз на раскошната елеганција на 20-тите години.

Потпирајќи се на своето искуство како манекенка, славниот ангел на Victoria’s Secret презентира модели кои го прикажуваат телото во најдобра светлина, а во исто време се комфорни.

„Мојата цел беше да креирам луксузна колекција која ќе ги задоволува жените од сите возрасти и големини, ќе инспирира самодоверба и ќе направи жените да се чувствуваат прекрасно во својата долна облека“ – изјавила Роузи за британскиот „Вог“.

Колекцијата на Роузи Хантингтон-Вајтли
Колекцијата на Роузи Хантингтон-Вајтли Колекцијата на Роузи Хантингтон-Вајтли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11068 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.