Почетна » Новости » Мода » ФОТО: „Росалинда“ во креација од македонскиот дизајнер Златко Јовановски

ФОТО: „Росалинда“ во креација од македонскиот дизајнер Златко Јовановски

Талија Соди блесна во креација специјално дизајнирана за неа од македонскиот дизајнер Златко Јовановски.

51-годишната актерка, позната по улогата на Росалинда, носеше корсет инспириран од креација која таа ја има носено во 1992 година.

„На моја огромна чест и задоволство, Талија носи моја креација направена специјално за неа. Овој корсет е направен од плиш кадифе во розева боја и надолу продолжува во форма на подвезици. Аблемите се рачно направени, везени со разновидни монистри и камења“ – изјави Златко за Femina.mk.

Талија во креација од Златко Јовановски Талија во креација од Златко Јовановски

Јовановски вели: „Верувајте во чуда. Бидејќи за мене е многу (позитивно) чудно што како дете ја гледав шпанската серија ‘Росалинда’ и замислував како живеат тие глумци, а денес со Росалинда главниот лик на серијата, односно со Талија сум во контакт. Сè е возможно ако вистински се сака и за истото напорно се работи“.

Талија во креација од Златко Јовановски Талија во креација од Златко Јовановски Талија во креација од Златко Јовановски Талија во креација од Златко Јовановски

Креации од Златко, кој стои зад брендот JZJ, имаат носено и пејачките Ава Макс и Јелена Карлеуша.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.