Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Првата ревија на која дефилираа модели над 50 години

ФОТО: Првата ревија на која дефилираа модели над 50 години

Во изминатиот период, модната индустрија сè повеќе се оддалечуваше од слабите модели и често ангажираше модели со облини, со Даунов синдром, па дури и модели со телесен хендикеп. Модниот бренд JD Williams одлучи да воведе уште една таква промена и одржа ревија на која дефилираа модели повозрасни од 50 години.

Истражување спроведено од брендот покажало дека голем дел од повозрасните жени се чувствуваат занемарени и игнорирани од модната индустрија, па токму од тој податок се родила идејата за вакво модно шоу.

63-годишната Мари Хелвин ја имаше честа да го отвори шоуто, а 87-годишната Дафни Селф беше одличен избор за да се стави крај на модната приказна која се раскажуваше на пистата во Лондон.

Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Мари ХелвинМари Хелвин Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Првата ревија со модели над 50 години Дафни СелфДафни Селф

Дафни е најстариот модел кој сè уште работи и не се откажува од модните ангажмани. „Сметам дека сум одличен модел за пример за да ги охрабрам жените некогаш да не дозволат возраста да им застане на патот на тоа што сакаат да го остварат“ – изјавила неодамна Селф.

Првата ревија со модели над 50 години

За стилскиот избор се погрижила 70-годишната Каролин Беркер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11454 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.