Почетна » Новости » Мода » Франција го забранува со закон ангажирањето на преслаби манекенки

Франција го забранува со закон ангажирањето на преслаби манекенки

Франција направи голем чекор во борбата со анорексијата. Долниот дом на францускиот парламент ги одобри мерките кои ќе овозможат казнување на модните агенции и брендовите кои ангажираат преслаби манекенки и веб-страниците кои поттикнуваат анорексија.

Според новиот закон, забрането е да се ангажираат манекенки чиј BMI (Индекс на телесна маса) е понизок од 18 (тежина од 55 килограми на висина од 175 сантиметри). За агенциите и модните куќи кои нема да го почитуваат законот е предвидена парична казна од 75.000 евра и затворска казна од 6 месеца.

Наталија ГоцијМоделот Наталија Гоциј на ревија на Guy Laroche

Исто така, новиот закон ќе ги забрани таканаречените „про-ана“ веб-страници и форумите кои промовираат анорексија и кои ја поттикнуваат својата публика да одржува премала телесна тежина. За нив ќе следуваат казни од 10.000 евра и 1 година затвор.

Се проценува дека 30.000-40.000 лица во Франција страдаат од анорексија. Од нив 90% се жени, а голем број се на тинејџерска возраст.

Во 2010 година францускиот модел Изабел Каро, кој од 13-годишна возраст страдаше од нарушувања во исхраната, ја сними контроверзната рекламна кампања „No Anorexia“ непосредно пред смртта. Тогаш силно се разгореа дискусиите за изгледот и тежината на манекенките и за ужасот наречен анорексија.

Изабел КароИзабел Каро Изабел Каро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.