Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Оливија Вајлд ја претстави новата еко колекција на „H&M“

ФОТО: Оливија Вајлд ја претстави новата еко колекција на „H&M“

Оливија Вајлд е заштитно лице на колекцијата „Conscious Exclusive“ на „H&M“. Атрактивната актерка и хуманитарка ги претстави новите парчиња изработени од материјали како органски памук, коноп, рециклирана волна и органска кожа, со цел помало загадување на животната средина.

Еколошката колекција е создадена со почит кон луѓето и околината. „Одржливоста има лоша репутација, особено во модата. Мислам дека луѓето претпоставуваат дека облеката ќе биде здодевна, ткаенините непријатни, а дизајнот неинспиративен. Тоа е далеку од вистината и колекцијата Conscious Exclusive на H&M покажува дека одржливоста не подразбира компромис со стилот“ – изјавила Вајлд.

Лахлан Бејли е заслужен за промотивните фотографии.

Оливија Вајлд Оливија Вајлд Оливија Вајлд Оливија Вајлд Оливија Вајлд Оливија Вајлд Оливија Вајлд Оливија Вајлд

Оливија веќе носеше модна комбинација од колекцијата на црвениот тепих.

Оливија Вајлд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.