Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Облеката на Ен Хетавеј на доделувањето на Оскарите

ФОТО: Облеката на Ен Хетавеј на доделувањето на Оскарите

Ен Хетавеј и Џејмс Франко беа водители на манифестацијата за доделување на престижните награди Оскар. Тие беа избрани од продуцентите за да донесат свежина и да привлечат помлада публика.

И навистина, Ен и Џејмс се обидоа да бидат интересни и забавни, но според мнозинството критичари, младите водители не успеаја да го постигнат она што го посакуваа. Џејмс во поголем дел од времето изгледаше како незаинтересиран, а Ен беше превозбудена, па никако не можеа да се усогласат и никој не успеа да види дека има хемија помеѓу нив.

Сепак, има многу нешта по кои Ен и Џејмс ќе останат запаметени. Џејмс стана првиот водител кој испраќаше пораки на Twitter за време на манифестацијата, а Ен стана најмладата водителка на Оскарите досега.

28-годишната актерка изгледаше прекрасно на црвениот тепих и на сцената во сите тоалети, како и во елегантниот смокинг.

Ен ХетавејValentino Haute Couture Ен ХетавејValentino Haute Couture
Ен ХетавејGivenchy Haute Couture Ен ХетавејGivenchy Haute Couture
Ен ХетавејLanvin Ен ХетавејФранко облечен како жена, Ен во машки стил
Ен ХетавејVivienne Westwood Ен ХетавејVivienne Westwood
Ен ХетавејOscar de la Renta Ен ХетавејOscar de la Renta
Ен ХетавејAtelier Versace Ен ХетавејAtelier Versace
Ен ХетавејGiorgio Armani Prive Ен ХетавејGiorgio Armani Prive
Ен ХетавејTom Ford Ен ХетавејTom Ford

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.