Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Најпровокативниот невестински „фустан“ на модната недела во Берлин

ФОТО: Најпровокативниот невестински „фустан“ на модната недела во Берлин

За време на Берлинската недела на модата, претставен е невестинскиот „фустан“ кој никогаш не би посакале да го носите на вашата свадба.

Провокативната креација која повеќе открива отколку што покрива е дело на модниот бренд Kaviar Gauche, а се состои од бел градник и бели танга гаќички поврзани со неколку бели ленти. За да се зачува невестинскиот стил, креацијата е надополнета со бел долг превез.

Провокативен невестински „фустан“

Дизајнерското дуо составено од Александра Фишер-Ролер и Јоана Кил креира венчаници од 2003 година, но ова дефинитивно е најнетреадиционалниот невестински фустан кој некогаш го испратиле на модните писти.

Провокативен невестински „фустан“ Провокативен невестински „фустан“

Медиумите активно коментираат дека најсоодветното место за оваа креација можеби би била првата брачна вечер, а не самата свадба, особено затоа што предниот дел од „фустанот“ наликува на стрелка која ќе го упати младоженецот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11063 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.