Познатото машко списание „GQ“ додели една непосакувана титула – најлошо облечен маж за 2011. Несреќникот кој ја доби е Џаред Лето. Синоокиот актер и музичар очигледно не е популарен кај мажите поради својот избор на облека, особено поради тоа што често носи сукњи и луди креации.
„Тој покажуваше брадавици преку проѕирни маици. Тој носеше сукњи исто толку често колку и панталони. Тој е Најлошо облечениот маж на светот“ – пишува Стелиос Фили од GQ.
Денес Џаред е познат по својата музичка кариера. Тој е фронтмен на групата 30 Seconds to Mars и тоа се разбира има големо влијание врз неговиот стил на облекување. Годинава тој се појави во реклама на Hugo Boss и уште еднаш ги освои женските срца, но тоа не беше доволно за да се извлече и да не биде прогласен за најлошо облечен маж.
Лето во реклама за Hugo Boss
Џаред се појави на сцената во 90-тите години и веднаш стана дел од соништата на секоја тинејџерка. Се сеќавате на серијата „Мојот таканаречен живот“? Тогаш сигурно го помните Лето.
Лето во „Мојот таканаречен живот“
Ви се верува ли дека има 40 години?


