Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Миранда Кер гола во чизми за „Harper's Bazaar“

ФОТО: Миранда Кер гола во чизми за „Harper's Bazaar“

Миранда Кер позира како од мајка родена за списанието „Harper's Bazaar“, на чија насловна се најде Гвен Стефани. 29-годишната манекенка на „Victoria’s Secret“ носи само дизајнерски чизми кои го потенцираат нејзиниот сексапил.

Миранда Кер
Миранда Кер Миранда Кер

Во интервју за списанието, Кер сподели кои се нејзините модни икони и која физичка активност ја одржува во топ форма.

За стилските икони на кои им се восхитува: „Отсекогаш сум се восхитувала на стилот на Одри Хепберн и мојата дадилка отсекогаш била за мене стилска икона. Растејќи, си играв во нејзиниот гардеробер, а таа имаше големо влијание врз мене. Ме научи дека не е потребно да имаш многу пари за да поседуваш стил. Важно е како ги склопуваш нештата и како се држиш.“

Миранда Кер

За својот стил: „За мене, сè се сведува на едноставност на нештата и на тоа да се чувствувам комфорно во она што го носам.“

За вежбањето: „Јогата е јадрото на моето здравје и рутината за добросостојба, макар и да е за само 15-20 минути, знам дека ми помага да се фокусирам, како и да ја подобрам цврстината на целото јадро на телото. Потоа, правам дополнителни чучнувања за мојот задник и бутовите.“

Миранда Кер

Погледнете видео од „зад сцената“:

Пред една седмица Миранда објави фотографија направена за време на нејзиниот одмор во Австралија со Орландо Блум и синот Флин.

Миранда Кер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.