Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кристијан Лобутин ги пресоздаде чевличките на Пепелашка

ФОТО: Кристијан Лобутин ги пресоздаде чевличките на Пепелашка

Кристијан Лобутин создаде волшебни чевлички за модерната Пепелашка. Но, не ги насочувајте мислите кон стаклени чевлички. Ако Пепелашка живееше денес, таа ќе носеше блескави чевли од бела чипка и сваровски кристали, кои се разбира ќе имаа препознатливо црвен ѓон.

Обувките за модерната ПепелашкаОбувките за модерната Пепелашка

Врвниот дизајнер на обувки вчера ја претстави својата замисла за чевлите на Пепелашка. Елегантните обувки имаат штикла од 12 сантиметри и се вистински мамец за женските очи.

Кристијан Лобутин и чевличкитеКристијан Лобутин и чевличките

„Пепелашка е иконски лик не само кога се во прашање убавината, грациозноста и љубовта од бајките, туку и кога станува збор за обувките. Нејзиниот лик и нејзината приказна ми го диктираа дизајнот, сè беше таму на страниците, во зборовите на приказната“ – изјавил Лобутин.

„Чевличките се волшебното стапче на трансформацијата, кое магично носи самодоверба, убавина и љубов. Соништата се важен фактор во мојот јазик на дизајнот. Нема ограничувања во светот на фантазијата и секогаш има среќен крај“ – дополнил тој.

Обувките за модерната Пепелашка Обувките за модерната Пепелашка Обувките за модерната Пепелашка

Кристијан пред неколку месеци најави дека ќе го искористи својот талент за да креира модерна верзија на обувките од легендарната бајка, по повод новото издание на популарниот цртан филм „Пепелашка“ на Дизни на Blu-ray диск. Чевличките биле прикажани вчера во рамките на Париската недела на високата мода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.