Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кристен Стјуарт ја разубави насловната на Glamour

ФОТО: Кристен Стјуарт ја разубави насловната на Glamour

Како што се наближува премиерата на новото продолжение на вампирската сага Twilight, така верните обожаватели сè поактивно тргнуваат во потрага по повеќе информации за главните ликови. Списанието Гламур реши да ѝ го даде тоа задоволство на публиката, па британското издание на ова женско списание ги прогласи Роберт Патинсон и Тејлор Лотнер за најсекси мажи, а американското издание на својата насловна ја претстави Кристен Стјуарт.

21-годишната актерка позираше во прекрасни парчиња облека на Стела Мекартни, Ботега Венета, Гучи и Александар Ванг, а направи и интервју во кое сподели колку ѝ било тешко за време на последното снимање на Twilight.

Кристен Стјуарт Кристен Стјуарт
Кристен Стјуарт Кристен Стјуарт

„За време на последната ноќ од снимањето, јас буквално си ја кубев косата и плачев, па морав да заминам накратко затоа што останав без глас“ – изјавила таа.

Како и секогаш, Кристен не откри ниту малку за нејзината тајна врска со Патинсон, но призна дека кога станува збор за гледање на филмовите Twilight, подобар партнер е Тејлор Лотнер.

„Првпат го гледав Breaking Dawn со Тејлор. Беше навистина забавно. Забавно е да го гледаш со него затоа што навистина седиме и гледаме. Јас и Тејлор сме обожаватели на Twilight, па можеме да седиме и целосно да бидеме навлечени на тоа. Од друга страна кога седам со Роб... му се допаѓа, но тој има толку поразлична енергија“ – признала таа.

Кристен Стјуарт

Кога била запрашана за совет за врските, привлечната бринета одговорила: „Хм... добар љубовен совет за мене е да си искрен и да се познаваш себеси“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.